Со задоволство споделуваме дека Здружение Македонска асоцијација на земјоделските задруги (MAЗЗ), во рамките на проектот за Подобрено производство и квалитет на одбрано овошје и зеленчук кој се реализираше преку Economic Development, Governance and Enterprise Growth Project финансиски поддржан од страна на USAID, неодамна објави сеопфатни и прирачници за подобрување на производството и квалитетот на јаболка и пиперка.
Прирачниците се дизајнирани за да се:
Помогне на фармерите подобро да ги разберат и усвојат еколошките практики,
Обезбедат практични насоки за одржливи методи на земјоделско производство,
Постават основни стандарди за квалитет за производство на јаболко и пиперка.
За фармерите, овие прирачници нудат вредни совети за приспособување на нивните практики за да одговараат на задружниот модел кој е истакнат како ефикасен начин за брзо прилагодување на методите за унапредено и конкуретно производството на пиперка и јаболко.
Прирачниците се достапни за преземање на повеќе јазици, вклучувајќи македонски и српски: https://shorturl.at/lNS69