Проект на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата (EDGE),

Во рамките на проект на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата (EDGE), Македонската асоцијација на земјоделски задруги заедно со Задружните Сојузи на Војводина и Јужна Србија во периодот од 20.05.2022-15.07.2023 година успешно го реализираа проектот ,,Подобрено производство и квалитет на одбрано овошје и зеленчук.”

Целна група на овој проект беа земјоделски задруги од Србија и Северна Македонија, а севкупната цел беше подобрување на производството и квалитетот на селектираното овошје и зеленчук (особено јаболка и пиперки), подобрено вмрежување и зголемена конкурентност преку стандардизирани производни шеми.

Целите кои произлегоа од спроведувањето на овој проект беа следните:

  • Подобрени производни практики за избрани земјоделски производи како резултат на размена на искуства и процес на градење знаење (реализирани две студиски патувања за членови на задруги во Италија и Унгарија)
  • Воспоставен систем за следење, информирање и поддршка на земјоделските задруги – трансфер на знаење (преку изработка, објавување и дисеминација на два производни прирачници) кои таргетираа голем број корисници – примарни производители
  • Зголемена конкурентност преку поддршка на имплементација/сертификација на Global Gap за 12 корисници/земјоделски задруги од двете земји.

Општата цел на проектот беше да ги зголеми капацитетите и приходите за сите членови на задругата преку подобрување на нивната продуктивност и конкурентност на синџирот на вредност и зајакнување на пазарните врски за нивните производи. Вкупниот износ на проектот изнесуваше 123.250,00 американски долари од кои 51% беа контрибуција на МАЗЗ.