Зошто ни е потребно да формираме задруги?

Надминување на проблемите со кои се соочуваат македонските земјоделци е основен
мотив тие да се здружуваат во задруги, односно потребата за:
»» Поголем профит
»» Поголема конкурентност
»» Баланс помеѓу понудата и побарувачката на пазарот
»» Координација
»» Обезбедување на сигурни пазари и репроматеријали и
»» Намалување на ризиците.

Во зависност од тоа кои се потребите и интересот на членовите во една задруга, тоа
најчесто може да се направи преку:
»» Заедничка набавка на репроматеријали
»» Заеднички маркетинг и продажба на земјоделските производи
»» Преработка на примарните производи.

Сивата економија денес е доминантен облик на трговија со земјоделски производи од која имаат штета и земјоделските производители и државата. Државата не собира приходи од даноци, а земјоделците се подложени на грубата експлоатација како во секторот за набавка така и во секторот за продажба на земјоделските производи.  Враќање на прометот од продажбата на земјоделските производи во регуларните трговски текови  може да се обезбеди само ако државата ја прекине сивата економија, а задругите ја преземаат својата функција на организација со промет  на земјоделските производи.

Развојот на селата денес е единствено можен  ако постојат субјекти кои можат да носат таквиот развој како што се задругите, малите и средни претпријатија, како и другите видови на работни активности. Поради тоа што задругите во ЕУ во изминатиот период покажале дека многу успешно можат да ја обавуваат  друштвената функција во руралните средини, со тоа што младите луѓе на селото ќе го увидат економскиот бенефит како и воведувањето на новата технологија во земјоделското производство и развојот на селскиот туризам преку задругите. Задругите поради сето ова повторно стануваат носители на напредокот на земјоделството и руралните средини.