МАЗЗ има решение за упис во евиденцијата на социо економски партнери на Владата на Р. Северна Македонија, а со тоа и на Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство. МАЗЗ има потпишано и Меморандум за соработка со Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството како и Меморандуми за соработка со повеќе Задружни сојузи од регионот и тоа: ЗС Србија, ЗС Војводина, ЗС Хрватска, ЗС Словенија, ЗС Босна и Херцеговина, ЗС Република Српска и ЗС Полска.
За остварување на своите цели, МАЗЗ соработува со национални и меѓународни невладини организации, владини институции на локално и национално ниво, како и со субјекти од областа на образованието и бизнисот, кои придонесуваат и влијаат на условите за развој на одржливо и профитабилно земјоделско производство, услови неопходни за развој во руралните области и квалитетот на живот на фармерите. МАЗЗ има потпишано Меморандум за соработка и добиено благодарница за развој на задругарството и задружната идеја во Р.М. и од Националната федерација на фармери.
Во однос на градење соработка, МАЗЗ е во фаза на воспоставување партнерства и мрежно поврзување со сродни домашни и организации од регионот заради взаемна соработка во спроведувањето на заедничките проекти од областа на земјоделските задруги; заеднички да ги идентификуваат потребите за образование и обука во земјоделскиот сектор и да соработуваат во нивната реализација; заеднички да промовираат воведување нови технологии на производство и примена на стандарди во земјоделството што ќе ја олеснат и модернизираат работата на фармерите; да работат заедно за да ги пронајдат потребните технички ресурси за подобрување на професионалното знаење и информации во земјоделскиот сектор, како и за подобрување на конкурентноста и профитабилноста на фармерите.
Care Balkans и МРФП остануваат цврсти партнери на МАЗЗ во целосниот процес на успешнa промоција на заеднички акции и потикинување на земјоделското „граѓанство“ преку создавање на подобра идеја за содржината и формата на функционалната соработка во земјоделството, европски ориентираните очекувања на законот за задруги и условите за започнување на нивно претставување на национално ниво како и придонес кон подобра регулатива и застапеност.
МАЗЗ заедно со Care Balkans И МРФП директно придонесуваат за зголемување на свеста на фармерите за придобивките и можностите за здружување во земјоделски задруги и промовирање на здружените економски форми на делување во земјоделскиот сектор а со тоа и заеднички да се подобри состојбата во земјоделскиот сектор и условите за работа на македонскиот фармер. Дополнително се покрена иницијатива за развивање на поволна средина погодна за развој, унапредување и зајакнување на постоечките земјоделски задруги и создавање на нови, ефикасни задруги.