Отворен повик за грантови за земјоделски задруги до 37.000 евра

објавено во: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги го отвори повикот за грантови за постоечки и новоформирани земјоделски задруги, од Северозападниот, Североисточниот, Југозападниот и Преспанскиот регион. Задругите регистрирани во овие четири региони можат да аплицираат за грант до максимален износ од 37.000 евра. На располагање се 260.000 евра кои ќе бидат доделени на овој повик.

Повикот за грантови е дел од активностите од  ЕУ проектот “Конкурентни земјоделски задруги” кој го имплементира Македонската асоцијација на земјоделски задруги заедно со Здружението за бизниси и консултанти Креација.

Вкупниот буџет на проектот е во износ од 500.000 евра, од кои 90% се обезбедени од Европската Унија преку ИПА програмата, а останатите 10% се директно учество на проектниот конзорциум.Рокот за аплицирање е до 10.11.2023 година.