Земјоделската задруга ”Пчелин Рај”, Струмица – членка на Македонската асоцијација на земјоделски задруги Ве поканува да присуствувате на овогодинешниот Струмички карневал кој претставува традиционален локален обичај со вековна традиција, и е директно поврзан со верскиот празник „Тримери“, единствен од ваков вид во нашата држава. Оваа година е јубилејна односно се набројуваат 30 години од почетокот на одржување на оваа за струмичани многу важна културна манифестација со која Струмица стана интернационално препознатлива. Главното дефиле на маски на Струмичкиот карневал ќе се одржи на 5 март (сабота) со почеток од 19:00 часот каде земјоделската задруга ”Пчелин Рај” ќе се претстави со маската Пчелин Рај.
