Одржана обука за дигитален маркетинг наменета за членките на МАЗЗ

posted in: Новости | 0

Во рамките на проектот  „Поддршка на поконкурентно и одржливо земјоделство во Северна Македонија“ имплементиран од страна на CARE International a финансиски поддржан од страна на Германската покраина Северна Рајна-Вестфалија,  во периодот од 1-3 март 2022 год. во хотел Молика, Битола се одржа дводневна обука на тема: Дигитален маркетинг  наменет за членките на Македонската асоцијација на земјоделски задруги. Обуката за Дигитален маркетинг беше фокусирана на проширување и интензивирање на користењето на дигиталниот маркетинг во земјоделските задруги за да им овозможи на членките на МАЗЗ вештини за зголемување на видливоста на нивните операции и производи кон потенцијалните клиенти. Финален резултат од обуката беше членките да се стекнат со компетенции за ефективно привлекување нови клиенти, за одржување на односите со нивните постоечки клиенти како и за поттикнување профитабилни акции!