Одржана работилница за стратешко планирање на Женската работна група при МАЗЗ

posted in: Новости | 0

Во периодот од 15-16 февруари 2022 год. во хотел Кристал Палас во Прилеп се одржа работилница каде членките на Женската работна група при МАЗЗ го подготвија својот Стратешки план за делување во наредните 2 години односно ги идентификуваа стратешките приоритети, стратешките цели и ги дефинираа активностите кои ќе им бидат фокус на работа во наредниот период. Целта на оваа активност е јакнење на капацитетите на жените членки во земјоделските задруги за управување и менаџирање, зголемување на мотивацијата за членство и видливост на жените во земјоделските задруги во МАЗЗ како и промовирање на земјоделските задруги како форми на економско здружување и подобрување на економската улога на жените воопшто.

Работилницата за Стратешко планирање беше реализирана во рамките на Институционалниот грант на МАЗЗ поддржан од Цивика мобилитас и истата е дел од активностите предвидени во Годишниот план за работа на организацијата.