Започна имплементацијата на ЕУ проектот “Зајакнување на управувањето на земјоделските задруги за подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор”

објавено во: Новости | 0

Како дел од активностите од ЕУ проектот “Зајакнување на управувањето на земјоделските задруги за подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор” кој го спроведува Македонската асоцијација на земјоделски задруги, во соработка со Здружение за бизниси и консултанти – Креација, остваривме средба со иницијативниот одбор за формирање на земјоделска задруга во с. Ранковце.

На средбата имавме можност директно да се запознаеме со фармерите, нивните планови и визии за здружување и предизвиците со кои се соочуваат. Дополнително, тимот на МАЗЗ и ЗБК Креација им ги презентираше можностите за поддршка кои се предвидени со проектот.

Проектот “Зајакнување на управувањето на земјоделските задруги за подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор”е проект финансиран од Европската Унија, кој започна на 01.02.2023 година и ќе се имплементира во наредните 24 месеци.

Проектот се имплементира во Северозападниот плански регион, Североисточниот, Југозападниот и Преспанскиот регион, а покрај активностите за зајакнување на капацитетите на задругите, предвидено е формирање и на нови земјоделски задруги и грантови за постоечки и нови задруги од регионите опфатени, во вкупен износ од 260.000 евра.