Бевме гости на Основачкото Собрание на земјоделската задруга ”Шари” кое се одржа вчера во Тетово. Основачите на ЗЗ Шари се модерни сточари кои го негуваат традиционалниот начин на одледување на овци. Им посакуваме многу успех во работата и што побрзо да станат дел од семејството на Македонската асоцијација на земјоделски задруги.
Посетата беше како дел од активностите од проектот “Зајакнување на управувањето на земјоделските задруги за подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор” кој е финансиски поддржан од Европската Унија.