Земјоделската задруга ”БТ Нектар”, Битола – членка на МАЗЗ во периодот од 4-5 февруари беше дел од 18-от по ред Меѓународен пчеларски саем кој се одржа во Гудовац, кај Бјеловар Р. Хрватска. На овој значаен настан претставникот на ЗЗ ”БТ Нектар”, Битола г-дин Менде Трајковски кој е воедно и член на Управниот одбор на МАЗЗ оствари работна средба со г-дин Божо Волиќ – претседател на Хрватскиот Задружен Сојуз, кој претставува цврст партнер на МАЗЗ во насока на развој, унапредување и позитивна промоција на задружното движење во Р. Северна Македонија. На средбата Трајковски потенцираше дека, да се учи од искуствата на успешните хрватски примери и реплицирање на позитивни примери е особена чест посебно за држави како нашата каде задругарството сеуште е предизвик на којшто сите заеднички треба да работиме.