Задружното поврзување-можност за регионална соработка и развој

posted in: Новости | 0

Претставници на Македонската асоцијација на земјоделски задруги на 15-ти март беа дел од регионален настан за задругарство која се одржа во Стопанската Комора во Ниш а беше во организација на Задружниот Сојуз на Јужна Србија. Целта на овој настан беше вмрежување на Задружни Сојузи од Србија, Бугарија и Северна Македонија како и воспоставување на регионална соработка за проширување на пазарните можности за извоз како и можности за меѓугранични заеднички соработки. Настанот беше поделен на два дела и тоа во првиот конференциски дел се дискутираше за поддршките кои секоја држава ги обезбедува за земјоделските задруги со тоа што секој од Задружните Сојузи имаше можност да реплицира позитивни примери за механизмите на стимулација на задругите во Бугарија, Србија и Северна Македонија!

Вториот дел беше повеќе изложбен каде земјоделски задруги од Јужна Србија и Северна Македонија како дел од проектот Подобрено производство и квалитет на одбрано овошје и зеленчук финансиран од УСАИД имаа можност да го презентираат своето производство во најголем дел пиперки и јаболка но истовремено и да добијат нови идеи за производи со додадена вредност кои се атрактивни и конкуретни на Европските пазари! Воведување на географски ознаки за обележување на јаболка и пиперка беа посочени како врвен приоритет од страна на земјоделските задруги од Србија и од Северна Македонија затоа што користењето на заштитените географски називи за означување на производите кои потекнуваат од определено подрачје претставува моќно средство за маркетинг како и големо економско влијание за производителите. Со тоа се дава јасна порака на потрошувачот за вистинското потекло на производот и за посебниот квалитет и својства кои ги има тој производ, а кои се резултат на природните услови на тоа подрачје или на традиционалните знаења кои ги имаат луѓето од тоа подрачје.