Излезе Јавниот Повик 2/2023 кој се однесува за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на Руралниот Развој за 2023 година. Предмет на Јавниот повик е доделување на финансиска поддршка за мерка 131, поточно 131.1 – Помош за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистарот на задруги при МЗШВ.
Право на аплицирање имаат сите земјоделски задруги кои се формирани во и после 2018 година со тоа што висината на нивната поддршка би била 20%, на задругите формирани во 2019 година поддршката би изнесувала 40%, на задругите формирани во 2020-60%, на задругите формирани во 2021 година-80% и тие формирани во 2022 година-100%. Финансиската поддршка се однесува на направени прифатливи трошоци во периодот од 1 јули до 31 декември 2022 година.
Во прилог го доставуваме Јавниот Повик 2/2023, објавен на страницата на АФПЗРР https://www.ipardpa.gov.mk/mk/Home/RuralenPovici/8/45 како и Барањето кое треба да биде во прилог на останатата придружна документација наведена во истото. Крајниот рок за доставување на барања за исплата по овој Јавен Повик е 15-ти април 2023 година.