ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА ЗА СИТЕ ЗАДРУГИ КОИ ПЛАНИРААТ ДА ДОСТАВАТ АПЛИКАЦИЈА НА ОТВОРЕНИОТ ПОВИК ЗА ГРАНТОВИ! 

објавено во: Новости | 0

На 19ти и 20ти октомври, во хотел Карпош во Скопје, проектот организира дводневна работилница за подготовка на бизнис план, согласно повикот за грантови за задруги.

На работилницата ќе биде обезбедена менторска поддршка за потребите на секоја задруга, во однос на подготовката на апликацијата за грант.

Трошокот за сместување, како и оброците за сите присутни на обуката ќе бидат покриени од проектот.

Сите заинтересирани задруги да го најават своето учество на обуката со номинирање на еден претставник од задругата.

Се гледаме во Скопје на 19ти и 20 октомври!