Одржана обука за изработка на Мини Бизнис план за аплицирање за грант во рамките на проектот ,,Конкурентни задруги,,

објавено во: Новости | 0

Во рамките на повикот за грантови за постоечки и новоформирани земјоделски задруги, од Северозападниот, Североисточниот, Југозападниот и Преспанскиот регион во периодот од 19-20 октомври во х.Карпош во Скопје се одржа обука за подготовка на Бизнис план, согласно барањата и критериумите од тековниот повик за грантови за земјоделски задруги 01/КЗЗ/2023. На обуката, задругите заинтересирани да поднесат апликација имаа можност детално, да ја разработат сопствената идеја за планираната инвестиција. Проектот обезбеди и менторска поддршка, чија улога е да ги води задругите низ процесот на апликација и подготовка на деловен план за реализација на инвестицијата.

Задругите регистрирани во овие четири региони можат да аплицираат за грант до максимален износ од 37.000 евра. На располагање се 260.000 евра кои ќе бидат доделени на овој повик. Повикот за грантови е дел од активностите од  ЕУ проектот “Конкурентни земјоделски задруги” кој го имплементира Македонската асоцијација на земјоделски задруги заедно со Здружението за бизниси и консултанти Креација.

Вкупниот буџет на проектот е во износ од 500.000 евра, од кои 90% се обезбедени од Европската Унија преку ИПА програмата, а останатите 10% се директно учество на проектниот конзорциум.Рокот за аплицирање е до 10.11.2023 година.

Повеќе информации можете да најдате на следниот линк: https://mazz.mk/…/otvoren-povik-za-grantovi-za…/