Македонската асоцијација на земјоделски задруги беше дел од големиот настан „Вкуси ја традицијата” – Втор по ред национален саем за храна и пијалоци“ кој се одржа на 07.10.2023 година (сабота) во Градскиот парк во Скопје. Станува збор за настан во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на кој се претставија голем број на производители, земјоделски задруги – членки на МАЗЗ и локални здруженија, кои заеднички ги презентираа македонското земјоделство и гастрономија.
На штандот на Здружение Македонска асоцијација на земјоделските задруги беа изложени производи од своите членки за кои имаше огромен интерес од страна на посетителите меѓу кои беа и претставници на амбасади во Република Северна Македонија, претставници на меѓународни проекти и донатори во државата. МАЗЗ како најголема чадор организација и во иднина активно ќе работи на промоција за здружување на фармерите, семејните земјоделски стопанства и другите облици со цел остварување на заедничките интереси за развојно, профитабилно земјоделство кое овозможува достоинствен живот на фармерите.
















