Од 22-26 септември, претседателката на МАЗЗ г-ѓа Сузана Димитриевска беше дел од 14-тото издание на Тера Мадре Салон дел Густо 2022 во Торино, Италија. Станува збор за најголем меѓународен настан посветен на политиката за храна, на презентации на автентични и локални јадења, хедонисти и гурмани сите обединети под слоганот ”Време е за регенерација”. Многубројните гости и посетители од целиот свет имаа можност да бидат дел од различни работилници презентации и вкусна храна од над 700 изложувачи потврдувајќи дека човештвото мора да живее во духот на биодиверзитетот и да конзумира добра, чиста и правична храна.
Македонскиот павиљон беше отворен во присуство на македонскиот амбасадор во Рим, г-н Весел Мемеди и постојаниот преставник на Македонија во ФАО, Лидија Попандонова. На македонскиот штанд можеше да се најде се она што ја одликува македонската кујна: тавче гравче, овчеполско јагнешко, прилепски ширден, сутлијаш, бакрдан, ајвар, вино, печени пиперки, слатко од диви смокви, мед во саќе, валандовски чурек, охридско макало со лук, маџун, буковска пипер, шарпланински овчки кашкавал, охидски комат…




