Претседателката на МАЗЗ – официјален говорник на Конференцијата за жени вклучени во земјоделството на Косово

posted in: Новости | 0

На 28 септември, Претседателката на МАЗЗ г-ѓа Сузана Димитриевска присуствуваше на конференција наменета за жени вклучени во земјоделство која се одржа во Приштина, Косово. Конференцијата се одржа во рамките на проектот „IWKA – ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЖЕНИТЕ ВО АГРОБИЗНИСОТ НА КОСОВО“, финансиран од германското
Сојузното Министерство за економска соработка и развој (BMZ) преку Engagement Global
GgmbH имплементиран од CARE, Косово, Women For Women (K-W4W) и Програмата за граѓански права.

Свое обраќање на конференцијата имаше г-дин Имри Демелези – заменик министер за земјоделство, шумарство и рурален развој, г-дин Драган Периќ – CARE проект менаџер, г-ѓа Илиријана Гаши – извршен директор на KW4W, г-дин Наим Османи – извршен директор на ЦПКК и г-ѓа Сузана Димитриевска – претседателка на Македонска асоцијација на земјоделски задруги.
На конференцијата се презентираа резултатите од проектот, активностите и плановите
за наредниот период а исто така, се иницираше и дискусија за предизвиците и можностите на
Косовското земјоделство со специфичен акцент на жените во земјоделството. Претседателката на МАЗЗ, г-ѓа Сузана Димитриевска презентираше добри практики од нашата држава кои можат да служат за пример т.е. да ги мотивираат жените од Косово да ги реплицираат нашите позитивни успешни приказни.
На настанот беа присутни и претставници од релевантни национални и меѓународни организации,
институции, граѓански организации, задруги, земјоделци и земјоделски групи.