Соопштение за членките на Македонската Асоцијација на Земјоделски Задруги

posted in: Новости | 0

Согласно член 24 од Статутот на Македонската Асоцијација на Земјоделски Задруги (МАЗЗ), и член 4, став 1, 4 и 6 од Правилникот за избор и отповикување на членови на Собрание, Управен Одбор, Надзорен Одбор и Претседател на Македонската Асоцијација на Земјоделски Задруги, како и одлуката за свикување на Вонредно Изборно Собрание донесена на редовното Годишно Собрание на МАЗЗ одржано на 06.07.2019 година, Претседателот на МАЗЗ на 06.11.2019 година донесе Одлука за распишување на Избори во Македонската Асоцијација на Земјоделски Задруги, закажани на 20.12.2019 година во Скопје а со тоа и започнување на роковите за спроведување на изборните дејствија.

Органи на МАЗЗ за кои ќе се врши избор на Вонредно Изборно Собрание на МАЗЗ се:

1. Претседател на МАЗЗ;

2. Потпретседател на МАЗЗ;

3. Членови на Управен Одбор на МАЗЗ;

4. Членови на Надзорен Одбор на МАЗЗ.