Документација за поднесување на кандидатури за членови на Управен одбор, Надзорен одбор и Претседател на МАЗЗ

posted in: Новости | 0

Формуларите за номинирање на кандидати за членови на Управен Одбор, Надзорен Одбор или Претседател на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, како и изјавата за согласност на кандидатот и изјавата за нечленување во извршен орган на политичка партија, може да ги превземете на следниот линк: https://drive.google.com/drive/folders/1TLjKRiOtYAKp-2sYOnfscPLp0k2ofO6v?usp=sharing

Покрај горенаведената документација, секој кандидат потребно е да приложи и:

– изјава со која потврдува дека нема дисиплинска или кривична одговорност за дело кое го прави недостоен за вршење на функцијата (Oсновен суд)

– потврда со која докажува дека претставува ЗЗ која има редовна исплата на плати и позитивен финансиски резултат во последната деловна година (УЈП)

– потврда со која докажува дека претставува задруга која нема неисполнети обврски по основ на даноци придонеси. (УЈП)

Со цел да се избегнат дополнителни трошоци од страна на кандидатите, не е задолжително приложените документи од УЈП и од Основен суд да бидат оригинална верзија, односно може да се приложат и копии на оригиналните документи.

Дополнително, кандидатот треба да има активен придонес во развојот на задругарството и да претставува земјоделска задруга која има регулирано обврски по основ на членарина кон МАЗЗ

ВАЖНА НАПОМЕНА: Кандидатите кои се кандидираат за функцијата Претседател на Македонската асоцијација на земјоделски задруги, покрај горенаведените документи, потребно е да приложат и изборна програма, согласно правилникот за избор и отповикување на членови на Собранието, Управниот одбор, Надзорниот одбор и Претседател на Македонската асоцијација на земјоделски задруги. Кандидатурите се испраќаат преку пошта, во форма на препорачана пратка, на адресата на извршната канцеларија на МАЗЗ, ул. Јордан Мијалков бр. 38 стан 1, 1000 Скопје. Рокот за поднесување на кандидатурите е заклучно со 03.12.2019 година (вторник). Кандидатурите кои ќе бидат поднесени подоцна од 03.12.2019 односно по истекот на рокот нема да бидат земени во предвид и изборната комисија со заклучок ќе ги отфрли како ненавремени.