Промовиран Прирачник за подобрено производство и квалитет на јаболко

posted in: Новости | 0

Во рамките на Меѓународниот ден на задруги се одржа и регионална конференција за промоција на постигнатите резултати во рамките на проектот ,,Подобрено производство и квалитет на одбрано овошје и зеленчук,, кој се спроведува преку проектот за Економски раст и развој на претпријатија финансиран од УСАИД 🇺🇸 На конференцијата беше отворена дискусија за состојбата со задругите во регионот, предизвиците со кои се соочуваат задругите во Северна Македонија и Србија, правната легислатива која ги покрива задругите како и националните мерки, програмите и меѓународните фондови кои ги поддржуваат задругите во двете земји. Дополнително, во рамките на регионалната конференција беа промовирани достигнувањата и резултатите во проектот „Подобрено производство и квалитет на одбрано овошје и зеленчук“, како и Прирачник за подобрено производство и квалитет на јаболко, со оглед на тоа што целиот Преспански регион е претежно ориентиран кон производство на 🍎🍏🍎 Задружните Сојузи од 🇷🇸 и 🇲🇰 ја искористија оваа прилика да постават динамика за договарање на следните состаноци поврзани со заеднички активности до крајот на годината, што особено не радува затоа што Проектниот советодавен одбор ќе продолжи со својата работа и по завршувањето на проектот. Ова беше една од поставените цели во проектот односно реализација на идејата за советодавниот одбор да стане одржлив и да продолжи со своите редовни состаноци и по спроведувањето на проектот.