„Одговорот за силен и моќен земјоделец е во задругарството, и во овој правец треба да се движи македонскиот аграр. Поголемо и поквалитетно производство, сигурен пласман, повисока поддршка од државата и поголем профит, се само некои од придобивките на задружното здружување, беше истакнато на вчерашното одбележување на 101-от Меѓународен ден на задруги во с.Крани, Ресен од страна на присутните говорници!
Македонската асоцијација на земјоделски задруги веќе 11 години по ред, првата сабота од месец Јули, го прославува Меѓународниот ден на задруги кој на истиот датум секоја година паралелно се одбележува во целиот свет.
Ни беше чест и особено сме благодарни за присуството на настанот од страна на претседателот на Задружниот Сојуз на Република Србија г-дин Никола Михаиловиќ, претставнците на Задружниот Сојуз на Јужна Србија, градоначалникот на општина Ресен г-дин Јован Тозиевски како и претставникот на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Боро Каевски. Особена благодарност упатуваме и до членките на земјоделската задруга ,,Крани,, од с. Крани за покажаната несебична поддршка при организирање на настанот и за тоа што беа одлични домаќини. Благодарност и за руралните жени од Преспа кои преку голем број традиционално подготвени специјалитети не доближија до специфичниот и уникатен вкус на Преспанскиот регион што беше додадена вредност на настанот и особено уживање за присутните гости. https://www.facebook.com/zemjodelskizadrugi






