Целосен назив на проектот: Зајакнување на управувањето на земјоделските задруги за подобрување на конкурентноста во земјоделскиот сектор-Конкурентни Земјоделски задруги.
Број на договор за грант: IPA/2022/441-096
Времетраење: 24 месеци
Почеток: 01.02.2023
Крај: 31.01.2025
Буџет: 500.000,00 евра ( од кои 260.050,00 евра за грантови на целните групи) финансирани од страна на Европската Унија.
Општа цел:
Општата цел е подобрување на конкурентноста на земјоделските задруги и живеењето во руралните области преку прилагодени советодавни услуги и под-грантови шеми за повисок производствен капацитет, зголемен удел на пазарот и полесен пристап до финансии.
Специфични цели:
(1) Развој и промовирање на модел за соработка помеѓу земјоделците за воспоставување и/или зголемување на членството во земјоделските задруги од Североисточниот, Полошкиот и Југозападниот регион и Областа Преспа
(2) Зголемување на производствениот капацитет и пазарното присуство на земјоделските задруги со етикети за квалитет и/или географска ознака на нивните производи ;
(3) Подобрување на менаџментот на земјоделските задруги и земјоделците за полесен пристап до финансии и програми за поддршка.