Споделувајќи ги истите вредности и цели на следење на развојот на земјоделскиот сектор, Македонската асоцијација на земјоделски задруги, Скопје и СОУУД ‘’Димитар Влахов’’, Струмица на 5-ти октомври потпишаа Меморандум за соработка во кој се согласија активно да соработуваат за воспоставување и негување на трајни и заемно наградувачки односи заради позитивна промоција и развој на земјоделството и руралниот развој во Република Северна Македонија. Дополнително двете организации се обврзаа:
-Да соработуваат во реализирање на заеднички проекти од областа на земјоделството и руралниот развој; -Заеднички да ги идентификуваат потребите од едукација и тренинг во земјоделскиот сектор и да соработуваат во нивната реализација;
– Заеднички да го промовираат воведувањето на нови технологии на производството и примена на стандарди во земјоделството со кои ќе се олесни и модернизира работата на фармерите;
-Заеднички да соработуваат за изнаоѓање на потребни технички ресурси за подобрување на стручните знаења и информации во земјоделскиот сектор, како и подобрување на конкурентноста и рентабилноста на македонскиот фармер;
-Заеднички да соработуваат за промоција на земјоделството како бизнис и поголема вклученост на жени и млади во агробизниси, земјоделски задруги и земјоделски насоки во средни и високообразовни установи.




