На 24 септември 2022 г. (сабота) Македонската асоцијација на земјоделски задруги ќе биде дел од петтиот по ред Фестивал на Цивика мобилитас – ”Ден на граѓанските организации и социјалните претпријатија”. Фестивалот ќе се оддржи во паркот пред Дом на АРМ, зад музејот „Мајка Тереза“ во Скопје и истиот годинава е организиран во соработка со Центарот за социјални претпријатија. Над 100 граѓански организации ќе имаат можност да се претстават и да презентираат за што се залагаат и кои промени ги постигнале преку нивниот граѓански активизам.