Македонската асоцијација на земјоделски задруги го информира своето членство дека на 27.08.2022 година, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објави Јавниот повик бр.10/2022 кој се однесува на мерката 131 – Економско здружување на земјоделски стопанства за заедничко вршење на земјоделска дејност односно подмерка 131.1 Помош за основање и функционирање на земјоделски задруги регистрирани во Регистарот на задруги при МЗШВ. Крајниот рок за доставување на барања за исплата по овој Јавен повик е 30-ти септември 2022 година.
Повеќе информации за потребната документација можете да најдете во атачментот во прилог.