Покана за присуство на 3 информативни сесии за задругите од регионите опфатени со повикот за грантови

posted in: Новости | 0

Проектот Конкурентни земјоделски задруги го отвори повикот за грантови за постоечки и новоформирани земјоделски задруги, од Северозападниот, Североисточниот, Југозападниот и Преспанскиот регион. Задругите регистрирани во овие четири региони можат да аплицираат за грант до максимален износ од 37.000 евра. На располагање се 260.000 евра кои ќе бидат доделени на овој повик.

Затоа, одлучивме да организираме три информативни сесии за задругите од регионите опфатени со повикот на кои ќе имаме можност да презентираме детали од повикот и целосната документација.

Ве покануваме да учествувате на некоја од информативните сесии кои ќе се одржат на:

– 04.10.2023 во Општинската сала во Општина Крива Паланка со почеток од 12 часот

– 05.10.2023 во Општинската сала во Општина Маврово Ростуше со почеток од 12 часот

– 06.10.2023 во Општинската сала во Општина Ресен со почеток од 12 часот

Ви посакуваме многу успех во аплицирањето и се гледаме на некоја од трите информативни сесии.