Делегација составена од претставници на Министерството за земјоделство на Косово на 26-ти септември беа во посета на Македонската асоцијација на земјоделски задруги и нејзините членки ЗЗ Петрушка Река, Миравци, ЗЗ ПЛК, Неготино и ЗЗ Веге Фреш, Куклиш, Струмица. Целта на посетата беше претставниците на Косовското Министерство за земјоделство да се доближат до сегментите на задружното организирање во Северна Македонија, вклучувајќи информации за управувачките структури, сопственичките структури, шемите за поддршка, предизвици и идни планови. Исто така, претставниците на Министерство за земјоделство сакаа да дознаат повеќе за тоа што прави Македонската асоцијација на земјоделски задруги за поддршка на задругите во земјата.










