Во организација на Germanwatch- Германска невладина организација која работи за глобална климатска правда, Македонската асоцијација на земјоделски задруги беше дел од дводневна студиска посета која Germanwatch ја реализираше во Македонија заедно со регионален конзорциум составен д KSF-Germany, Еkosvest-NRM и BOS-SRB, на тема Трансформација на енергија и декарбонизација во Западен Балкан.
На 2 октомври, конзорциумот во рамките на студиско патување ја посети и земјоделската задруга Бојане во општина Сарај која се занимава со производство на трпезно грозје се со цел да се види колку земјоделските задруги потенцијално би можеле да бидат заинтересирани за проширување на нивната побарувачка за енергија на обновливи извори и какви се можностите за нивна трансформација во енергетски ефикасни задруги. МАЗЗ пак дополнително даде свој придонес со презентација за увид во статус кво состојбата на агро-задругите во Северна Македонија а исто така го елаборираше и ставот за постепено вклучување на обновливите извори на енергија во земјоделскиот сектор. Крајната цел на проекот е да се поврзат секторите кои стандардно не соработуваат, но каде синергиите би можеле лесно да се развијат!