Остварена работна средба помеѓу Амбасадорот на Р. Италија во Р. Северна Македонија и претставници на МАЗЗ

posted in: Новости | 0

Во просториите на Амбасадата на Италија во Скопје, претставници на Македонската асоцијација на земјоделски задруги на покана на Неговата Екселенција, Амбасадорот Андреа Силвестри остварија работна средба на која беа разгледани можностите за понатамошна соработка во сферата на развој на задругарството и економската размена преку проекти и партнерства со италијански организации.

Главен фокус на средбата беше инцијативата на Амбасада да се учи од искуствата на успешните италијански примери и реплицирање на позитивни практики пред се во насока на тоа како функционираат системите за квалитет, на кој начин тие им помагаат на фармерите, и пред сé, како тие им нудат гаранции на потрошувачите дека го купиле квалитетниот производ кој што го посакуваат. Заеднички став на средбата беше дека она што е особено важно и кон кое треба сите производители да се стремат е да се зачува врската меѓу производите, регионите и луѓето, односно да се фокусираат кон заштита на географски ознаки како комбинација на традиција и специфичност со што би придонеле за зголемување на обемот на производството, подобар пласман и цена на производите и како и развојот на туризмот во одредени средини.