Институционален грант на МАЗЗ – Цивика Мобилитас (ПЦМ-ИНС-05)

Македонската асоцијација на земјоделски задруги беше корисник на институционален грант од вториот повик во новата фаза на Цивика Мобилитас (ПЦМ-ИНС-05). Целта на финансиска поддршка од овој тип на грантови беше унапредување на институционалниот развој и организациско јакнење на МАЗЗ заради надминување на организациските предизвици и зголемување на својот придонес во општеството. Периодот на спроведување на институционалниот грант на МАЗЗ се одвиваше во две етапи и тоа започнувајќи од 01.07. 2020- 30.06 2021 година (првата година) и од 30.06 2021 година до 31 јули 2022 година (втора година). Вкупниот износ на грантот изнесуваше 3.446.451 мкд.

ЦИВИКА МОБИЛИТАС е проект на Швајцарската агенција за соработка и развој (СДЦ), претставен од Швајцарската амбасада во Република Северна Македонија кој го спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ).