Одржани 5 фокус групи за состојбата на жените во земјоделството

posted in: Новости | 0

Во рамки на проектот “Бизнис План 2019-2020” имплементиран од Македонска асоцијација на земјоделски задруги а финансиран од Европската Унија, се спроведоа 5 фокус групи со жени од рурални средини – членки на земјоделски задруги и жени кои се директно инволвирани во земјоделско проиозводство. Фокус групите се организираа во с. Мустафино (Свети Николе) и село Ратавица (Пробиштип) на 7 јули 2020 додека пак во с.Миравци, Гевгелија с. Балинци, Валандово и Струмица се одржаа на 14 јули 2020 година.

Целта на фокус групите е подготовка на Анализа за состојбата на жените во земјоделството (број, големина, влијанието на жената во руралниот развој, предизвици со кои се соочува и сл.) Подготвениот документ наредниот период ќе биде јавно објавен и споделен со членството и сите заесегнати страни и истиот ќе помогне за развој на Стратешкиот план и нови програми во МАЗЗ.

Погледни фотографии