Со инфо-сесијата во Ресен на 06.10.2023 год, барем за сега, го затворивме циклусот на директни средби со задругите од регионите опфатени со проектот Конкурентни земјоделски задруги. Пред задругите присутни на инфо-сесиите ја презентиравме можноста за финансиска поддршка во вид на неповратен грант, како и деталите во однос на повикот кој што се уште трае.
Наредна средба им закажавме на 19-20 октомври во Скопје, на дводневна обука на тема изработка на бизнис план. Се гледаме во Скопје!