Остварена средба помеѓу претставници на МАЗЗ и МЗШВ

posted in: Новости | 0

На 17-ти октомври 2022 година, делегација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги предводена од претседателката г-ѓа Сузана Димитриевска оствари работна средба со претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство г-дин Гоце Георгиевски – раководител на Секторот за рурален развој и г-дин Стојан Гацов од одделението за земјоделски задруги. На средбата се дискутираше за одредени прашања кои ги засегаат земјоделските задруги, а се во доменот на Секторот за рурален развој при МЗШВ. Средбата беше многу конструктивна и на неа се разгледаа неколку предлози на МАЗЗ кои би можеле да бидат од полза за подобра севкупна организираност и поголема поддршка за унапредување на работата на земјоделските задруги. Претставниците на МЗШВ ја искористија можноста за консултирање и координирање со присутните претставници на МАЗЗ во однос на нови можни поддршки за јакнење на постоечките и новоформираните земјодеслки задруги преку други програми и мерки на МЗШВ превидени за реализација во 2023 година. МАЗЗ продолжува со активностите за лобирање и застапување на интересите на своите членови и како таква останува најголема чадор организација на земјоделските задруги во државата.