Македонската асоцијација на земјоделски задруги на 16 ноември во хотел Роматик, Велес одржа работилница која беше дел од активностите предвидени од проектот “Да изградиме кооперативно опшество” а поддржан од Civica Mobilitas на која присуствуваа претставници на земјоделски задруги членки на МАЗЗ од сите 8 плански региони во РМ.
Со поздравен говор работилницата ја отвори Претседателот на МАЗЗ, Г-дин Менде Ивановски кој истакна дека функционалните и одржливи земјоделски задруги претставуваат клучен предизвик за развој на земјоделскиот сектор во Република Македонија и приближување на истиот кон Европските стандарди. Ивановски потенцираше дека само преку економско здружување на земјоделците во земјоделски задруги ќе се дојде до зголемување на конкурентноста, овозможување на повисока преговарачка моќ на земјоделците, зголемување на квалитетот и комерцијализација на земјоделското производство во Македонија.
На работилницата присуствуваше и шефот на кабинет на Министерот за Земјоделство, шумарство и водостопанство Г-дин Трајан Димковски кој беше отворен за одговорање на прашања од страна на присутните претставници на задруги. Задругарите ги потенцираа проблемите и предизвиците со кои се соочуваат во моментот и истовремено ги адресираа до претставникот на МЗШВ се со една цел а тоа е нивна поголема застапеност во државните и владини мерки за поддршка на задруги како и промена на законската легислатива која во моментот не им оди во прилог на задругите.
