Видео обраќање на Генералниот секретар на МАЗЗ по повод Меѓународниот ден на задругите

posted in: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги е единствена организација која веќе 8 години по ред, првата сабота од месец Јули, го одбележува Меѓународниот ден на задруги кој на истиот датум секоја година паралелно се одбележува во целиот свет. Денес, во услови на глобална пандемија, се одлучивме на овој начин, симболично да го прославиме Меѓународниот ден на задругите и да испратиме порака за борба со климатските промени и одржлив развој.