Реализирана кампања”ЗАСАДИ ИДНИНА” во рамки на проектот „Поддршка на поконкурентно и одржливо земјоделство во Северна Македонија“

posted in: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги во периодот од 1-3 април ја реализираше кампањата ”ЗАСАДИ ИДНИНА” и тоа во 5 плански региони во Република Северна Македонија каде 15 земјоделски задруги членки на MAЗЗ засадија приближно 2500 дрвца во нивните локални заедници. Целта на кампањата беше да придонесе за развојот на свеста кај граѓаните, особено за задружното движење за подигање и одржување на зелени површини како единствена опција за справување со загадувањето, заштитата и подобрувањето на животната средина во нивната околина. Идејата на кампањата беше земјоделските задруги како општествено одговорни организации да придонесат за воспоставување на масовна и долгорочна кампања за “прочистување” на “воздушните бранови” и “крвотокот” на локалните заедници.

Намерното и планираното садење на дрва има повеќе ефекти и далекусежни бенефиции, не само за позеленување на руралните области, туку и за едукација и охрабрување на еко-свеста кај локалното население да се грижи за дрвјата што ќе ги засадат и на тој начин да стекнат навики за зачувување на животната средина во која живеат и дејствуваат со реплицирање на слични идеи и еко практики. Поттикнувањето на еко-свеста е важна за обновување на кругот на биолошката разновидност како важен услов за хармонија и синергија помеѓу луѓето и растенијата. MAЗЗ со предложената кампања има за цел да придонесе за развој на свеста кај граѓаните, особено на младата популација за подигнување и одржување на зелени површини во локалните заедници како единствена опција за справување со климатските промени и подобрување на животната средина, особено со оглед на фактот дека во последниот период Северна Македонија се смета за една од најзагадените земји во светот.

Идејата беше да се стави акцент – за повеќе “млади” идни зелени површини, но во исто време повик и иницијатива на младите и граѓаните за нови акции за уредување и подобрување на руралните и урбани области каде што функционираат.

Реализираната иницијатива е во согласност со Зелената агенда на Европската Унија, со Локалните акциони планови на општините како и со седмиот задружен принцип – Грижа за заедницата. Активноста е дел од проектот „Поддршка на поконкурентно и одржливо земјоделство во Северна Македонија“ имплементирана од страна на CARE International a финансиски поддржана од страна на Германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.