МАЗЗ присуствуваше на информативна сесија за презентација на Кодексот на граѓански организации во организација на Цивика мобилитас програмата

posted in: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги на 31 март 2022г., присуствуваше на онлајн информативната сесија за Кодексот на граѓански организации на која учествуваа 34 претставници (организации), грантисти на програмата Цивика мобилитас.

Учесниците беа запознати со процесот на подготовка на Кодексот, придобивките од оваа алатка за поголема отчетност и нејзината цел.Кодексот претставува катализатор за постојано развивање на вредностите на организациите и со него ќе се зајакне системот на саморегулација што ќе придонесе за поголема транспарентност, ефикасност и доверба во граѓанските организаци. Учесниците во групи зборуваа за своето досегашно искуство во саморегулацијата во организациите и го дадоа своето мислење за потенцијалните придобивки од Кодексот, предизвиците со кои би се соочиле при спроведување и на кој начин би ја примениле алатката во нивната работа. Кодексот за граѓански организации ќе помогне да се зголеми квалитетот на работата во организациите. Тоа ќе придонесе за поголема транспарентност што ќе ја зголеми довербата помеѓу организациите во секторот и граѓаните. Ќе се изгради и подобра слика кон донаторите со што ќе се подобри финансиска состојба, беше општиот заклучок од дискусиите.