На 8-ми Ноември (среда) во х.Сириус во Струмица беше промовиран Прирачникот за подобрено производство и квалитет на пиперка кој беше изработен во рамките на проектот за Подобрено производство и квалитет на одбрано овошје и зеленчук кој се реализираше преку Economic Development, Governance and Enterprise Growth Project а финансиски поддржан од страна на USAID. Автор на Прирачникот за подобрено производство и квалитет на пиперка е реномираниот професор на Земјоделскиот факултет во Штип г-дин Душан Спасов (Катедра за заштита на растенијата и животната средина)
Прирачникот беше дизајниран за да се:
Помогне на фармерите подобро да ги разберат и усвојат еколошките практики,
Обезбедат практични насоки за одржливи методи на земјоделско производство,
Постават основни стандарди за квалитет за производство на пиперка.
За фармерите, дополнително овој прирачник нуди вредни совети за приспособување на нивните практики за да одговараат на задружниот модел кој е истакнат како ефикасен начин за брзо прилагодување на методите за унапредено и конкуретно производството на пиперка.
Прирачникот е достапен за преземање на повеќе јазици, вклучувајќи македонски и српски: https://shorturl.at/lNS69




