Претставници на МАЗЗ присутни на студиско патување во Болоња, Италија

posted in: Новости | 0

Со поддршка на Националната Рурална Мрежа при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во периодот од 18-20 декември 2023 година, Македонската асоцијација на земјоделски задруги реализираше студиско патување во Болоња, поточно во регионот Емилија Ромања, Италија.
Целта на активноста беше претставници на земјоделски задруги – членки на МАЗЗ да имаат можност и да го посетат LegaCoop – како здружение кое застапува задруги, бизниси и тела во Болоња кои припаѓаат на Националната лига на задруги и заедници и е провинциски огранок на LegaCoop Emilia – Ромања. Покрај тоа, реализирана беше и посета и на Quidanoi – мрежа на кооперативни продавници кои практикуваат директна продажба на земјоделски и прехранбени производи, како и на Алијансата на италијански задруги, AGCI.
Учесниците на студиската посета во Италија имаа корист од позитивните примери за тоа како тамошните задруги создаваат услови и ги поддржуваат заедниците на производители врз основа на најширока можна доверба, во која сите актери се идентификуваат со основните принципи на задругата која се стреми да создаде вредност со нивните земјоделски производи. .
Трансферот на знаење за време на студиската посета ќе резултира со подобрена производствена софистицираност на нашите задруги и ќе обезбеди одлична можност да се реплицираат добрите практики и практичното искуство на успешните земјоделски задруги од земјите на Европската Унија и овде. Земјоделските задруги ќе имаат корист и од подобрената конкурентност, новите пазарни врски и зголемената профитабилност.
Студиската посета им покажа на учесниците јасна цел каде да се движат и како треба да изгледа нивната визија, особено според она што го виделе во производниот дел. Во оваа насока, студиската посета ќе придонесе за подобрување на производствените практики како резултат на размената на искуства и процесите на градење знаења.