Одржана седница на редовно Годишно Собрание на МАЗЗ

објавено во: Новости | 0

На 28.04.2023 во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, се одржа седница на редовно Годишно Собрание на Македонската асоцијација на земјоделски задруги. На седницата на собрание, делегатите ги усвоија Годишниот наративен извештај на МАЗЗ за 2022 година, Годишниот финансиски извештај на МАЗЗ за 2022 година и Годишниот план на активности на МАЗЗ за 2023 година.

Исто така, на седницата присутни беа претставници на ФАС проектот кои ги презентираа активностите на проектот Модернизација на советодавните услуги во земјоделството, како и нацрт програмата за образование на возрасни – советник во земјоделство, ветеринарство и рибарство.

На седницата, се направи промена на позицијата Претседател на МАЗЗ, при што за претседател на организацијата беше назначен г-дин Менде Трајковски.