Одржана седница на редовно Годишно Собрание на МАЗЗ

posted in: Новости | 0

Македонската Асоцијација на Земјоделски Задруги на 29.01.2020 година во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје, одржа седница на редовно Годишно Собрание. На самата седница се дискутираше за повеќе прашања а меѓудругото беа донесени и одлуки за усвојување на Годишна Програма за работа за 2020 година, Платформа за консолидација во МАЗЗ како и Одлука за формирање на тимови за спроведување на активности во организацијата. МАЗЗ како организација со единствена цел да ги заштитува правата и интересите на земјоделските задруги и да го промовира задружното движење во државата е демократска, отворена и транспарентна организација и во таа насока на Годишното Собрание и официјално го потврди приемот на 9 ново формирани земјоделски задруги како полноправни членки на МАЗЗ.

Погледнете фотографии