Македонската асоцијација на земјоделски задруги преку проектот “Поддршка за развој на земјоделски задруги” финансиран од Европската Унија, од 14ти до 16ти јуни во Охрид одржа работилница за Стратешко планирање во МАЗЗ за периодот 2021-2026 година. Подготовката на Стратешкиот план на МАЗЗ 2021-2026 е една од главните активности предвидени со Акцискиот план за поддршка на МАЗЗ кој ќе ги рефлектира потребите на организацијата, ќе ги идентификува слабостите и предизвиците на МАЗЗ и ќе предложи нивно надминување со долгорочен ефект. Стратешкиот план на МАЗЗ треба да обезбеди рамка за краткорочно/годишно планирање и процеси на планирање на проекти, појасни упатства за работење на административните структури на МАЗЗ како и други можни промени во внатрешната организација на МАЗЗ.
Процесот на подготовка на Стратешкиот план на МАЗЗ 2021-2026 се спроведува на партиципативен и транспарентен начин, односно освен управувачките структури на организацијата овозможено е целосно вклучување и на сите членки МАЗЗ а финалниот документ ќе се формализира и ќе добие легитимитет со неговото усвојување од страна на Собранието на МАЗЗ.






