Македонската асоцијација на земјоделски задруги на 10 јули во хотел Сириус, Струмица одржа обука на тема: Важноста на загадувањето од пестициди во земјоделството и заштита на животната средина. Целта на обуката беше претставниците на земјоделски задруги од регионот – членки на МАЗЗ да се запознаат подетално со хемиските средства за заштита на растенијата и правилен избор и употреба на пестициди, начините на манипулација со остатокот од средствата за заштита и хигиенски постапки при процесот на ракување со пестициди со посебен осврт на заштита на животната средина како и увид на други (нехемиски методи) за заштита на растенија со посебен осврт на еко (органско) производство.
Обуката за „Важноста на загадувањето од пестициди во земјоделството и заштита на животната средина“ е активност која се реализира во рамките на проектот на МАЗЗ „Бизнис План 2019-2020“, финансиран од Европската Унија каде носител (апликант) на проектот е Care Deutchland-Luxmenburg а партнер организација е МРФП.
