Одржана Меѓународна конференција на кооперативите на Балканот

posted in: Новости | 0

На 4 јули во Подгорица во организација на Cooperatives Europe, Задружен Сојуз на Црна Гора,  Министерството за земјоделство и рурален развој на Црна Гора, а под покровителство на Европската Унија беше одржана Меѓународната конференција на кооперативите на Балканските земји.

На конференцијата учествуваа и претставници на Македонската Асоцијација на Земјоделски Задруги. Пред присутните се обрати и Претседателот на МАЗЗ г-дин Менде Ивановски. Во неговото обраќање тој ги посочи целите и задачите како и проблемите со кои се соочуваат задругите во нашата земја.

На конференцијата беше предложено да се формира Регионална канцеларија со седиште во Белград, за да имаат заеднички пристап на развојот на задружното движење.

Погледнете фото