МАКЕДОНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ ЗАДРУГИ на покана од Задружниот Сојуз на Србија, во периодот од 21.11.2017 год до 23.11.2017 год присуствуваше на Меѓународна конференција за соработка на задружните сојузи од регионот. На конференцијата беа присутни сојузите од Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Македонија и домаќините од Србија. На Конференцијата беа присутни Министерот за регионален развој на Србија, Заменик Министерот за земјоделие на Србија и представници од ФАО и Европска банка за обнова и развој, Хавиер Алварешшеф економскиот одел на Шпанската Амбасада во Србија. Голем број на претставници на задругите од Србија.
На конференцијата свое излагање имаше и Председателот на Македонската Асоцијација на Земјоделски Задруги г- дин Менде Ивановски, кој покрај поздравниот говор ја подржа иницијативата за регионална соработка на задружните сојузи и го подржа Министерот Кркобабич да се заложи и да се одржи најавената посебна конференција на Задружните сојузи од регионот и Министрите кои го раководат секторот во Републиките, да се одржи заедничка конференција на Министрите и Задружните сојузи.
Конференцијата беше продолжение на дводневното дружење со колегите од Задружните Сојузи на Србија, Словенија ,Босна и Херцеговина и представници на институции од Србија. Имавме можност да го посетиме и саемот за етно храна и пијалоци. Голема благодарност на Задружниот Сојуз на Србија за гостопримството и можноста за размена на искуства и можности за заедничко спроведување на проекти.
