Меѓународен ден на задруги 2017

posted in: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделските задруги во соработка со Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство на 7 јули го одбележа Светскиот ден на задругите под мотото Задругите осигураат дека никој не е изоставен.

На настанот присуствуваа министерот за Земјоделство шумарство и водостопанство како и преставниците на задругите членки на МАЗЗ.

Претседателот на МАЗЗ Менде Ивановски и министерот Љупчо Николовски одржаа говори по повод овој ден на задругите на кој истакнаа за важноста на задругите како и проблемите со кои се соочуваат задругите во нашата држава.

Претставниците на 39 те членки на МАЗЗ исто така имаа можност да го истакнат своето мислење.

Погледнете фотографии