Меѓународен ден на задруги 2012

posted in: Новости | 0

На 07 Јули 2012 година во туристичката населба Отешево, Ресен за прв пат во Македонија се прослави Светскиот ден на задругите под мотото Задругите градат подобар свет.

Манифестацијата  беше во организација на Македонската асоцијација на земјоделски задруги – МАЗЗ со поддршка на  Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД и Федерација на фармерите на Република Македонија – ФФРМ ја отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Претседателот на МАЗЗ Менде Ивановски рече дека резултатите од постоечките задруги покажуваат дека здружувањето на земјоделците во задруги е успешен модел за нивно функционирање.

Погледни фото