МАЗЗ ги започна првите активности на проектот “Да изградиме кооперативно општество” поддржан од Civica Mobilitas

posted in: Новости | 0

Македонската асоцијација на земјоделски задруги – МАЗЗ ги започна првите активности на проектот “Да изградиме кооперативно општество” поддржан од Civica Mobilitas.

Целта на овој проект е придонес кон поттикнување на позитивна општествена промена во земјоделскиот сектор како и зголемување на свеста на земјоделците за придобивките од кооперативното здружување и создавање на подобра идеја за содржината и формата на функционалната соработка во земјоделството, европски ориентираните очекувања на законот и условите за започнување на нивно претставување на национално ниво. Исто така проектот дава придонес за подобра регулатива и застапеност, промоција на „земјоделското здружување“ преку задруги и придонес кон разбирање на синџирот на снабдување кај земјоделците и пристап до пазарот. Проектот ќе ја зголеми улогата на МАЗЗ во кооперативниот развој и иницирање на позитивни промени на законската легислатива. Првите активности на 17 и 18 септември беа реализирани со претставници на земјоделски задруги од југоисточниот плански регион (Струмица и Гевгелија) каде беа детектирани и дебатирани проблемите во секторот градинарство како и во делот на водните заедници. Исто така на средбите се дискутираа и потребните промени во законската легислатива за измена и дополнување на Законот за Земјоделски Задруги заради полесно и непречено функционирање на истите.

Погледнете фотографии