Координативното тело на ЗМАЗЗ задолжено за спроведување на изборните дејствија во организацијата со мандат од претходното Собрание на ЗМАЗЗ одржано на 21.10.2020 година, донесе Одлука за изготвување на посебно решение за утврдување на конечните листи на кандидати за членови на органите на ЗМАЗЗ, за претстојното Вонредно Изборно Собрание на ЗМАЗЗ, закажано на 19.02.2021 година во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје.
Координативното тело ја објавува следната листа на кандидати за членови на Управен одбор на ЗМАЗЗ:
1. Боев Лазар – претставник на “ЗЗ Петрушка Река” с. Миравци, Гевгелија,
2. Димитриевска Сузана – претставник на “ЗЗ Еко Илинден” с. Мустафино, Свети Николе,
3. Ивановски Ѓорѓи – претставник на “ЗЗ Преспанка-Преспанско јаболче” Ресен,
4. Лазарев Стојан – претставник на “ЗЗ Екопродукт” с. Конче, Конче,
5. Мехмеди Мукрем – претставник на “ЗЗ Рекански фармер” с. Трница, Маврово – Ростуше,
6. Пампулевски Љубе – претставник на “ЗЗ Крани” с. Крани, Ресен,
7. Памуков Драги – претставник на “ЗЗ Вегефреш” с. Куклиш, Струмица,
8. Дејан Петровски – претставник на “ЗЗ ПЛК” Неготино,
9. Трајковски Менде – претставник на “ЗЗ Нектар БТ” Битола,
10. Хаџи – Котаров Ѓорѓи – претставник на “ЗЗ Органски зрак” Струмица